![]() ![]() Приказната за индиските зачини датира уште од пред 7000 год. Тоа е историска приказна за територии - создадени или уништени, царства - изградени или срушени, војни - добиени или изгубени, договори - потпишани или непочитувани, вкусови - барани или понудени... Денес индиските зачини ја имаат истата магија. Секој зачин си има душа и ако се однесуваш кон него со почит, тој ти возвраќа. Низ вековите, привлечните вкусови на величествените индиски јадења се развивале, усовршувале и поминувале низ генерациите на "Kamsamas", кралските готвачи кои управуваа со величествените кујни на индиските Могули и Махараџи. Зачините се душата на индиската кујна. Индиската храна е со извонреден изглед и мирис кој може да го доловите во нашиот ресторан. Секој зачин и билка делува како лек на телото. На пр. АДРАК - го поттикнува варењето на храната и ги отстранува болките во желудникот, ХАЛДИ - ја поттикнува работата на црниот дроб, ШАФРАН - е најскапиот зачин во светот (1кг = 1300 ЕУР) го намалува холестеролот. Лалмирчи, Џинџер, Кориандер, Кашури мети, Гарам масала - сите овие се користат во приготвувањето на храната во нашиот ресторан. ![]() |
||
| mnml design by ground | ||